ЗОШТО МАЈЧИНОТО МЛЕКО Е ТОЛКУ КОРИСНО ЗА БЕБЕТО И ЗА МАЈКАТА

Во оваа статија ќе откриеме интересни факти за придобивките од доењето и зошто мајчиното млеко е најдобрата храна за вашето бебе.

Придобивки за бебето:

Мајчиното млеко ги обезбедува сите потребни хранливи материи, енергија и течности кои му се потребни на бебето во првите 6 месеци по раѓањето.

Мајчиното млеко содржи антитела од мајката кои го штитат бебето од инфекции.

Мајчиното млеко содржи фактори за раст и хормони кои го поддржуваат развојот, вклучително и мелатонин – хормонот за спиење – кој во првите недели не се синтетизира во телото на доенчето и го прима токму преку доењето.

Придобивки за мајката:

Доењето и помага на матката побрзо да закрепне и мајката побрзо да ја врати тежината пред бременоста.

Доењето го намалува ризикот од малигни тумори на дојката, матката и јајниците.

Студијата спроведена во 2007 година покажа дека мајките кои дојат спијат повеќе од мајките на бебињата кои се хранат со АМ (млеко за доенчиња).