Овен
Март ќе биде вашиот најсреќен месец. Ве очекуваат големи работи, особено на љубовен план. Потоа ќе се впуштите во нова врска, а оние кои се во долги и среќни врски ќе ја разбудат страста. Многумина Овни ќе ги подобрат и своите финансии.
Бик
Април ќе биде месец на љубовта за Биковите. Можете да очекувате многу страст и романса, а доколку сте сингл ќе сретнете личност која ќе ви разбуди пеперутки во стомакот. Освен љубов, овој знак го чека успех и на работа.
Близнаци
Годината ќе започне добро. Планетарните влијанија во јануари ќе бидат поволни за вас и ќе ви донесат моменти на голема среќа. Во овој студен месец ќе ви се подобрат финансиите, а забавата, романтиката и новите искуства нема да ви недостасуваат.
Рак
Мај ќе им донесе многу радост, љубов и среќа на Раковите. Ве очекуваат убави моменти со партнерот и семејството, а доколку сте сингл можеби ќе запознаете некоја посебна личност. Ќе воспоставите контакти кои можат да ви помогнат да напредувате на работа.
Лав
Ако напорно работевте и не се плашевте од предизвици, вашата напорна работа ќе се исплати во јуни. Во текот на јуни ве очекуваат големи работи не само на полето на работата и финансиите, туку и во љубовта. Ќе ве обземе страст за која до сега само сте сонувале.
Девица
Девиците ќе добијат самодоверба во мај, толку многу што ќе почнат со сите сили да се борат за успехот што веруваат дека го заслужуваат.
Ова е одличен месец за проширување на хоризонтите, учење и патување, додека ѕвездите на љубовниот фронт им носат смиреност.
Вага
Јуни ќе го разбуди борбениот дух на Вагите, па тие ќе бидат решени да ги остварат своите цели. Нивниот труд и пожртвуваност конечно ќе се исплати, а може да очекуваат унапредување и поголема заработка.
Скорпија
Настаните на љубовниот фронт во декември ќе го испратат овој знак на „седмо небо“. Се ќе си оди по свое. Планетарните вибрации на Скорпиите ќе им донесат многу можности да постигнат неверојатен успех.
Стрелец
Кога ќе дојде декември, Стрелецот ќе се чувствува многу посилно и ќе има поголема самодоверба.Планетите се на ваша страна и ќе донесат многу возбуда, а Марс во вашиот знак ќе ве поттикне храбро да се борите за вашите цели.
Јарец
Со поддршка на планетите во мај се ќе ви биде на дофат. Поставете си големи цели бидејќи вашата напорна работа конечно ќе се исплати. Јупитер ќе ве поддржи.
Водолија
Во февруари ќе се чувствувате моќни и ништо нема да може да ви го скрши духот во текот на овој месец. Љубовта ќе ви биде на дофат на раката, затоа искористете ги планетарните влијанија максимално што можете и претворете ги вашите романтични соништа во реалност.
Риба
Мај ќе биде неверојатен месец за Рибите, особено кога станува збор за љубовта и романтиката. Ќе сакате посилно од кога било досега и ќе создадете скапоцени спомени. Ве очекуваат поволни промени на полето на финансиите, а исто така е погодно време за учење и полагање испити.


