Ова што ви го претставуваме денес се заснова на истражување за говорот на телото и на фактот дека ни се потребни само неколку секунди за да формираме мислење за личноста спроти нас. Ова мислење често не е објективно, туку го одразува нашиот карактер и нашите внатрешни ставови. Затоа овој тест ќе открие многу за вас, за вашите соништа и аспирации. Треба само да ја изберете силуетата на жената која според вас е најуспешната во животот. Добро погледнете ги и проценете. Дали сте спремни? Ајде да дознаеме што значи вашиот одговор!
Жена бр. 1
Ако ја избравте првата жена за најуспешна, тоа значи дека сте самоуверена личност која не се двоуми да проба нови работи или да преземе нови предизвици. Секој потфат го започнувате со оптимизам, ентузијазам и верба. Сте работеле напорно за она што сте го постигнале до овој момент и нема да дозволите некој да ви го одземе.
Жена бр.2
Ако ја избравте втората жена за најуспешна, тоа значи дека му дозволивте на срцето да ве води. Секогаш го следите она што ви го кажува срцето, иако можеби вашиот ум е на спротивно мислење. Чудното е што најчесто сте во право и носите беспрекорни одлуки. Причината е што сте многу внимателни и интуитивни – другите тешко можат да ве измамат.
Жена бр. 3
Ако ја избравте третата жена за најуспешна, тоа значи дека сте многу разумна личност и верувате дека деталите се исклучително важни. Добро размислувате за секоја одлука што ќе ја донесете и на крајот секогаш сте во право. Пријателите често бараат совет од вас бидејќи знаат дека можат да сметаат на вашата мудрост.
Жена бр. 4
Ако ја избравте четвртата жена за најуспешна, тоа значи дека не сте преамбициозни – многу добро знаете до каде се протегаат вашите можности и што можете да постигнете. Поставувате реални цели и секогаш работите многу напорно за да ги постигнете. Знаете дека треба да се споредувате само со себе, па зависта и злобата ви се туѓи. Се обидувате да растете секој ден. Иако не се плашите од нови предизвици, не сакате да излегувате од вашата комфорна зона и да го претпочитате отворениот пат.