Се наоѓаме во сезоната на портокалите – едно од највкусните агруми со уникатна арома. Тие се исклучително богати со хранливи материи и заштитни растителни соединенија, вклучувајќи витамини, минерали и антиоксиданси. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање портокали може да биде корисно за вашето здравје на неколку начини. Еве ги главните придобивки од нивното консумирање:
Го намалуваат ризикот од болести
Портокалите содржат многу витамин Ц, кој ги штити клетките и ги неутрализира слободните радикали. Токму слободните радикали се одговорни за голем број хронични болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања и ракот.
Ја штитат кожата
Портокалите содржат бета-каротин, моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување, ја штити кожата од слободните радикали и ги забавува знаците на стареење.
Го намалуваат холестеролот
Портокалите се полни со растворливи влакна, што ги прави многу корисни за намалување на нивото на холестерол.


