Кога размислувате за идеи за вашиот прв состанок, треба да размислите за сè што е потребно за да го направите искуството незаборавно и пријатно.
И тоа вклучува избор на ден во неделата.
Можеби нема да верувате, но има денови кои не ветуваат добро кога се во прашање романтичните врски. Како и обратно.
Кој е најдобриот ден во неделата за прв состанок?
Иако локацијата е важна, многу луѓе не сметаат дека денот е исто така важен.
Типични денови за состаноци се петок и сабота, но зошто да не изберете работен ден?
Според истражувањата, ако избереме да се сретнеме со потенцијалниот партнер во вторник после 18:00 часот или во сабота помеѓу 12:00 и 14:00 часот, најверојатно тоа ќе резултира со втор состанок.
Кои се најлошите денови во неделата за прв состанок?
Резултатите од истражувањето покажуваат дека понеделник и четврток се сметаат за најлоши денови во неделата за прв состанок.
Општо земено, се верува дека овие денови имаат одредено негативно влијание.
Исто така, размислете – понеделник е првиот работен ден во неделата и повеќето од нас се негативно расположени. И многу често тој ден не чека многу работа и не е ни чудо што не сме расположени за романса навечер.
Од друга страна, четврток е кон крајот на работната недела и дотогаш веќе сме доста уморни и нервозни.


