ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ЗДРАВИ И ЕНЕРГИЧНИ, ЈАДЕТЕ ГИ ОВИЕ НАМИРНИЦИ

Сè што консумираме влијае на нашето здравје – на физичко и ментално ниво. Затоа избравме некои од најкорисните намирници кои мора да ги вклучите во вашето мени.

Кокосово масло

Се верува дека кокосовото масло е здрава храна која може да помогне во борбата против вишокот килограми, да го поддржи имунолошкиот систем и да заштити од болести на тироидната жлезда.

Авокадо

Авокадото е растение од семејството на ловор. Потекнува од Централна Америка. Содржи мононезаситени масти кои го забрзуваат метаболизмот и ги штитат клетките од слободните радикали.

Овошјето го намалува нивото на холестерол, ги лекува раните, го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а добро е и за вашите очи и коса. Можете да додадете половина авокадо во салатата од домати и – посипана со морска сол – да ја претворите во здрав појадок.

Моркови

Морковот е нискокалоричен, а истовремено содржи целулоза и е богат со витамини и минерални соли, па затоа е погодна храна за намалување на вишокот килограми и регулирање на личната тежина.

Најчесто проучуваните здравствени придобивки од морковите се поврзани со кардиоваскуларниот систем. Едно 10-годишно истражување во Холандија покажа дека луѓето кои јаделе моркови секој ден имаат многу помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Се смета дека ова се должи на заштитната улога на антиоксидансите во морковите.