Заљубувањето , зборовите „те сакам“, прегратки, убави моменти, сето тоа покажува дека сте во квалитетна врска во која се чувствувате удобно. Сепак, има работи кои се поважни од овие кога ги толкувате чувствата на партнерот . објаснува социјалниот психолог Александар Шахов.
Психологот истакнува дека знак за зрела љубов на мажот кон жената е тоа што ќе има желба да ја запознае со семејството и пријателите, односно луѓето кои му се најважни. Истакна и дека мажот кој сака при претставувањето најчесто ќе ги користи зборовите „мојата девојка“, а нема само да ја претставува партнерката по име.
Има уште некои едноставни параметри кои можат да укажуваат на љубов, па според психологот Шахов, покрај мажот кој ја сака, жената секогаш ќе се чувствува безбедно, бидејќи тој ќе направи се за да ја направи среќна. Тоа чувство на сигурност покрај некого е особено важно за двајцата партнери.
Знак на кој жената треба да внимава и е дека мажот кој искрено љуби ги исполнува своите ветувања и го одржува зборот. Својата зрелост ја покажува со преземање одговорност, како и со тоа што е подготвен да работи напорно за да ја подобри вашата врска и да ја зголемува вашата љубов секој ден.