ОЦЕТОТ УМБЕШИ, Е ДРЕВЕН ЕЛЕКСИР- ПОЗИТИВНО ДЕЛУВА НА ВАРЕЊЕТО, ГО ЗАЈАКНУВА ЖЕЛУДНИКОТ И ЦРЕВАТА!

Многупати сме слушнале за позитивните ефекти на јаболковиот оцет врз здравјето , но малкумина знаат за јапонскиот умебоши оцет, кој е и зачин и природен лек. Овој оцет сè почесто може да се најде на полиците на кујните ширум светот, како поради неговиот вкус, така и поради неговите здравствени придобивки.

Умебоши оцетот се подготвува со посебен процес на кисење умебоши, јапонски сливи и е исклучително алкална храна која според верувањата самурајите ја користеле во медицински цели. Умебоши е вид јапонска слива која по карактеристики е повеќе слична на кајсијата. Оцетот се добива така што се мешаат јапонските сливи со листовите шисо (јапонска коприва) и се комбинираат со морска сол. Овие состојки поминуваат низ едногодишен процес на млечна ферментација, поради што и вие ќе можете да уживате во придобивките од ферментираната храна доколку ја консумирате оваа храна.

Како оцетот умебоши влијае на телото:
Антимикробни својства – Се користи при дијареа и го намалува ризикот од инфекции и бактерии.
Го контролира нивото на крвниот притисок – Мали дози Јапшански оцет користат луѓе со висок крвен притисок, бидејќи содржи помалку натриум од сол.
Корисно за варење – умебоши е одличен за забрзување на метаболизмот, борбата против утринските мачнини и дигестивните проблеми.
Помага при нарушена работа на желудникот и го поттикнува варењето на храната и развојот на здрава цревна флора (корисни микроорганизми) – ги неутрализира штетните микроорганизми.
Помага при мамурлак.
Промовира детоксикација –
го чисти телото од токсини, особено црниот дроб и го штити организмот од слободните радикали
Ја зголемува енергијата и делува против замор