Кога мажот ќе запознае жена Скорпија, веднаш се прашува каде да се скрие. Овие дами имаат репутација на злобни и доминантни. Тие се нарекуваат „ледени кралици“.
Но, какви се навистина овие жени?
Зад нивниот студен поглед се крие ранлива и многу чувствителна душа. Тие едноставно не сакаат да се откриваат пред сите и никогаш не го прават тоа на прв состанок.
Да, жената Скорпија понекогаш е груба, но не и злонамерна, одмаздољубива.
Треба да се чувате од неа кога таа е тешко навредена, бидејќи тогаш таа може да ја покаже својата лоша страна.
Жената Скорпија е многу паметна, прониклива, совршена љубовница, а ако се однесува лошо со вас, тоа е само затоа што сте ѝ пристапиле на погрешен начин.
Доколку сакате емоции, интересни искуства, нови погледи на животот, предизвици и инспирација, тогаш најдобро е да најдете жена Скорпија.