Постојат неколку мали трикови кои ќе направат вашите цвеќиња почесто да цветаат.
Денес ќе ви откриеме како да се грижите за вашата орхидеја.
За да цвета повеќе, треба да ја полевате со вода од лимон, која можете да ја направите со сок од лимон или лимонска киселина.
Набргу потоа ќе ги видите цветовите на прекрасната орхидеја.
Зошто со сок од лимон?
Многу е корисен за цвеќињата бидејќи има својство да спречи појава на мувла и габи.
Како да направите вода со лимон?
Потребни ви се 1 литар вода и половина лажичка лимонска киселина. Ако сакате да користите сок од лимон, неговата количина на литар вода треба да биде 1 лажиче.
Потопете го растението во кисела течност 15 минути.
Благодарение на оваа одлична вода со лимон, вашата орхидеја ќе стане уште поубава.