Секој знае дека чистењето на тоалетот не само што е многу досадно, туку и многу тешка задача. Понекогаш ни требаат часови и купишта скапи подготовки за да блесне со чистота. Но, нашите баби беа доста паметни и смислија секакви начини да си го олеснат животот.
Денеска ќе ви претставиме еден супер трик кој ќе им помогне на домаќинките кои избегнуваат употреба на хемикалии поради алергии. Со него ќе имате чист тоалет и тоа за само неколку минути.
Еве што треба да направите:
Потребна ви е чаша полна сол, која треба да ја истурите во тоалетната школка. Прелијте го со 2-3 литри топла вода. Оставете го вака околу 20 минути, па повторно налијте топла вода и исплакнете го тоалетот. Доколку е потребно, можете да користите и четка.
Оваа постапка може да се врши неколку пати неделно. Така вашиот тоалет секогаш ќе свети.