Мешањето на различни мириси на храна во фрижидерот, како и прекумерната влажност може да се реши со ставање креда во фрижидер.
Овој евтин производ е одличен апсорбер на влага и мирис. Иако обичната училишна креда не е токсична, се препорачува да не доаѓа во директен контакт со храната.
Со вметнување на креда во овој апарат за домаќинство ќе решите два проблема, а само треба одвреме-навреме да ја замените со нова, т.е. тогаш кога ќе забележите дека ја менува бојата или е премногу влажен.
Пробајте го овој одличен трик и видете ги резултатите. Покрај креда, може да се користи и чист сунѓер.


