Дознајте од кои навики треба да се ослободите и да ги оставите засекогаш во 2022 година:
- Првата навика е да се трудиш се да држиш под контрола . Навиката постојано да се следи сè, да се испрашува, бидејќи се чини дека нешто може да тргне наопаку, предизвикува постојано чувство на вознемиреност. И ова е директен пат до стресот. Поставете експеримент во однесувањето: почнете да делегирате некои од одговорностите на колега (ако сте вклучени во истиот проект) или член на семејството – и проверете дали ќе може да се справи со тоа. Можеби за џабе се сомневате во нив?
- Друга навика е да го трпите она што не ви се допаѓа. Кога толерираме фактори кои ни се непријатни, акумулираме иритација во себе. Научете да кажувате „ не “ на работи што не ви се допаѓаат . Ако некој ве навреди, разговарајте за тоа отворено со таа личност. Кога сте вознемирени и исполнети со море од емоции, пуштете ги на начин што најмногу ви одговара – вежбајте, пешачете, пејте, удирате по перницата, трчајте…
- Третата навика е постојана грижа за тоа што мислат другите за вас . Има луѓе кои цел живот се обидуваат да ги исполнат туѓите очекувања, се плашат што другите би можеле да кажат или мислат за нив, се плашат да бидат свои. Сè додека се плашиме дека некој ќе ни суди, се дистанцираме од себе, и играме улоги во животот кои им одговараат на другите.
- Четвртата навика е да се дружиме со луѓе кои ја нарушуваат нашата самодоверба . Има луѓе кои ја загрозуваат довербата на другите за да ја максимизираат својата. Не дозволувајте некој да ве искористува. Научете да се спротивставувате на токсичните луѓе. Изберете да бидете опкружени со луѓе кои ве сакаат, ве почитуваат, ве поттикнуваат да растете и се радуваат на вашиот успех.
- Петтата навика е складирање на непотребни работи . Сè што повеќе не ви е корисно во домот и во животот фрлете го. Исчистете го станот, работната површина, телефонскиот именик. Исфрлете се што е старо и непотребно. Можеби пријатни промени се веќе на прагот, но за нив нема место во вашиот живот. Отстранете го старото и ќе дојде новото . Ова е законот според кој циркулира енергијата.


