ВАЖНИ СОВЕТИ ЗА УСПЕШНА 2023 ГОДИНА

Боите кои ќе ви донесат среќа и добар приход во 2023 година се: зелена, црвена, сина, бела и црна. Препорачливо е да ги носите во текот на целата година, и не само вашата облека, туку и вашите додатоци да бидат во такви нијанси.

Ако за Нова година не бидете облечени во овие бои, додадете барем еден додаток во препорачаните бои и ќе видите дека ќе имате прекрасна и успешна година.

Бојата на вашата чанта во текот на годината исто така треба да биде во бои како црна и бела, сина и црвена. Така никогаш нема да ви биде празна.

Важно е да имате барем мал мотив од споменатите бои. Сивата боја не се препорачува бидејќи може да ја одбие енергијата на парите. Додека црвената боја ја активира оваа енергија и привлекува повеќе среќа кај вас.

За сите хороскопски знаци во 2023 година, добро е да имате мал талисман – зајаче. Сепак, ова ќе биде година погодна за Зајакот – многу интересна, успешна и динамична година.

Талисманот ќе ве заштити од неволји и непријатели во 2023. Можете да ставите мала фигура во чантата или џебот како украс. Можете исто така да испечатите слика на зајаче и да ја носите со себе цело време, да ја ставите на работната маса, во чантата или во документите.