МЕД, ЃУМБИР И ЛИМОНИ – ЕЛИКСИР ЗА ЗДРАВЈЕ, ДЕТОКСИКАЦИЈА И СЛАБЕЕЊЕ

Нестабилното време во последните месеци е сериозен предуслов за настинка и вируси.

Треба да се настојува да се јаде многу овошје и зеленчук за да се добијат потребните витамини и минерали во оваа нестабилна сезона, но не секогаш тоа успева. Споделуваме со вас рецепт за одличен еликсир кој помага во борбата против инфекциите и тежината – мед, ѓумбир и лимони.

Медот е богат со калиум, магнезиум, натриум и антиоксиданти. Има антиинфламаторно и антивирусно дејство. Ѓумбирот е познат и по своето антиинфламаторно дејство и по помагање на варењето на храната. Богат е со витамин А, витамин Ц, витамин К, железо и магнезиум. Лимоните, пак, се богати со витамин Ц и имаат антисептички ефект.

Комбинацијата од трите состојки е моќна сила во борбата против вирусите и настинките, го стимулира варењето и го зајакнува метаболизмот. Еликсирот се подготвува и чува во тегла на ладно и суво место. Се консумира на празен стомак, со пластична или дрвена лажица.

Земајте по една лажичка секој ден а при првите симптоми на настинка или вирус, дозата се зголемува.

Од овие состојки излегува 750 мл. доза. Ако немате мешалка, лимоните може да се исечат на многу мали парчиња и ѓумбирот да се ренда на ренде. Одделете ги конците.
Вкусот е слатко-кисел.