ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ПАРТНЕРОТ КРИЕ НЕШТО ОД ВАС

Довербата во врската е основа. Чувството дека партнерот нешто крие од вас ретко може да биде погрешно. Со секој изминат ден, помислата дека сте лажени не ви дава мир.

Од каде да знаете дека вашиот партнер крие нешто? Проверете ги овие неколку црвени линии и доколку има некоја од нив, сериозниот разговор е неминовен.

Покажува повеќе внимание од обично
Еден од првите знаци што треба да се земе во предвид е однесувањето на вашиот партнер односно неговата промена во ставот кон вас и особено, гестовите на внимание кои не се дел од неговото вообичаено однесување. Одеднаш станува премногу загрижен за вас, романтичен, ви подарува цвеќиња, подароци … Како да се обидува да ги скрие трагите.

Многу внимава на неговиот мобилен телефон
Мажите секогаш се издаваат дека кријат нешто менувајќи ги навиките со својот телефон. Ако забележите дека е понапнат кога ќе му пише на некого, ако на моменти избегнува да одговара на пораки или повици, прашајте го дали може да ви го покаже неговиот телефон. Од неговата реакција ќе откриете дали навистина крие нешто од вас. Кога мажот не се грижи дека неговата партнерка може да гледа во телефонот во кое било време, не го носи со себе во тоалетот, тогаш тешко дека крие нешто.



Тој се оддалечува физички и емоционално
Оваа промена е показател дека постои проблем што не е нужно неверство или има недостаток на љубов кон вас. Можеби има нешто друго што го мачи вашиот партнер за кое тој не сака да зборува, а таа тишина го држи подалеку од вас. Во такви моменти, важно е да го охрабрите вашиот партнер да споделува, без оглед на тоа што се случило.

Го фаќате како ве лаже
Довербата е особено важна во секоја врска. Меѓутоа, кога некое лице се обидува да скрие нешто, неговите приказни се разминуваат во одреден момент и тој се збунува кога ќе ви каже што. Секое несогласување во приказните може да покаже дека крие нешто од вас.

Тој ве исклучува од неговиот живот
Ако секогаш сте правеле сè заедно, но сега работите се менуваат, тогаш дефинитивно треба да побарате објаснување за оваа промена. Избегнувањето на вашите заеднички активности, кои ви носеле задоволство, дефинитивно не е случајно. Може да биде знак на неверство, коцкање и ред други непријатни работи.

Јазикот на телото ретко лаже
Друг начин да откриете дали вашиот партнер има тајни кон вас е говорот на телото. Ако избегнува да ве гледа во очи кога ќе му поставите отворено прашање, остро ќе го префрли погледот или ќе се заглед во вашите очи… Допирањето на главата, вратот, нервоза со рацете … Сè што не е карактеристично за него е показател дека вашиот партнер нешто крие од вас.