ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ ВНЕСУВА СЕЛЕН ВО ОРГАНИЗМОТ?

Според некои студии, селенот може да го намали ризикот од рак на гастроинтестиналниот систем и простатата. Студиите покажаа дека селенот исто така има позитивен ефект врз плодноста на мажите. Поточно, недостаток на селен е поврзан со намалена подвижност на спермата кај некои животни. Меѓутоа, кај човекот, ова сè уште не е докажано целосно.


Човечкото тело не произведува селен, па затоа мора да се внесува со соодветна исхрана. Храната богата со протеини е исто така богата и со селен. Затоа погрижете се на вашата трпеза да има морска храна, риба (туна), телешко месо, јајца, црвено месо и житарки.

Општо земено, недостаток на селен се јавува кај лица изложени на оксидативен стрес (пушење, загадување) или оние кои страдаат од болести поврзани со оксидативен стрес.


Најдобро е да се внесува преку храната која содржи најмногу селен. Притоа, важно е да се следат пропишаните дневни количини. Иако до прекумерно внесување на селен во организмот се случува ретко, може да биде предизвика иритација на скалпот и ноктите. Ова се случува ако повеќе од 0,9 милиграми селен се внесуваат во организмот секојдневно подолг временски период.