ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 ЈАНУАРИ

Овен
Во некои ситуации е тешко да се објаснат причините и последиците поради кои се случуваат некои работи, ваше е да си ги исполнувате вашите редовни обврски. Ако вашите чувства се во согласност со разумот – постапете според вашата совест, без детални објаснувања и чувства на вина.

Бик
Докажувањето на правдата не треба да биде вашата примарна цел во овој момент. За жал, нема да можете да влијаете на нечие однесување. Партнерот не обрнува внимание на вашите коментари, ќе имате впечаток дека ве држи настрана во врска со некои „тајни планови“.

Близнаци
Нема да направите ништо корисно ако ги игнорирате деловните проблеми. Линијата на најмал отпор не води во насока на позитивни решенија. Без разлика на грешката што сте ја направиле, избегнувајте ја опцијата за самоказнување или изолација.

Рак
Некој ќе го оспорува вашето влијание на работното место. Бидете повнимателни и избирајте доверливи и угледни соработници. На крајот од денот, важно е да знаете дека сте дале сѐ од себе. Што се однесува до саканата личност – почитувајте ѝ ги желбите.

Лав
Нечија услуга ќе имате висока цена, па ќе барате поедноставно решение или поповолна деловна варијанта. Некој ќе биде на ваша страна, дури и кога има различни интереси или приоритети. Па, дури и кога се однесувате лошо кон личноста. Ќе се наоѓате во позитивно опкружување.

Девица
Ќе бидете презафатени со разни деловни и социјални обврски, но некој друг незаслужено ќе добие пофалби и привилегии. Девици, не молчете и изборете се за себе! Што се однесува до љубовта, не сте задоволни од моменталната ситуација во која се наоѓате. Личноста која ви се допаѓа ви испраќа нејасни сигнали.

Вага
Тешко е да се прифати, но не верувајте во нечии празни ветувања. Тоа е единствениот начин да се спасите од разочарување. Вашата сакана личност чувствува неизмерна љубов кон вас, но во последно време како да ѝ недостасуваат вистински зборови да ви ги доолови своите мисли.

Скорпија
Нечија приказна ќе има негативно влијание кон вас и вашиот светоглед. Одеднаш ќе почнете да ги гледаше нештата од една друга перспектива, која не е толку убава. Време е да се посветите на самите себе и да се фокусирате на својата благосостојба. Сѐ друго е секундарно.

Стрелец
Јасно ви е дека многу работи делуваат поинаку, во однос на она што јавно се претставува пред соработниците. Сè повеќе ви недостасува нечие присуство или емотивно внимание. Нема причина да ги потиснувате вашите чувства и потреби.

Јарец
Важно е добро да се организирате и да го почитувате деловниот договор во предвидениот рок. Ќе ви недостига нечие присуство или емоционална стимулација. Премногу сте преокупирани со неважни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност.

Водолија
Обидете се да бидете еден чекор понапред од другите соработници, кои ќе се надеваат на вашата неинформираност или непознавање на деловните можности. Ќе добиете впечаток дека вашиот емотивен живот не е доволно интересен и возбудлив како порано. Разговарајте за ова со вашата сакана личност.

Риби
Ќе имате амбициозни планови и нескромни желби, но вашиот успех ќе зависи од некој од страна. Не влегувајте во т.н. „забранета зона“ и не се впуштајте во авантури и афери. Љубовта е како за танго – за неа се доволни двајца. Трета личност само може да ја наруши совршената игра.