НАШАТА ЦЕЛ ВО ЖИВОТОТ НЕ ОДРЖУВА ВО ЖИВОТ

Целта во животот всушност има големо влијание врз нас.

Тоа е она што не држи мотивирани, намерни, водени и будни. Кога нашите мисли и енергија се усогласени со целта, тогаш тие стануваат конструктивни

Без примарна цел во животот, лесно стануваме плен на ситни грижи, стравови и склоност кон самосожалување. Сите тие се јасни знаци на слабост, збунетост и хаос што водат до неуспех, беда и загуба поради недостаток на нагон во овој динамичен свет на развој и напредок.

Целта може да биде различна за секој од нас: може да биде материјална, духовна, па дури и нашиот детски сон.

Колку и да изгледа неверојатно, се е остварливо ако кон тоа ги насочиме силите и енергијата. Кога ги насочуваме нашите мисли, желби, сила и енергија на целта што ја имаме, ја тренираме нашата самоконтрола, нашата способност да следиме одреден пат и да се носиме со сите искушенија во животот.

Затоа мора да имаме цел и да ја следиме до крај.