Кога сте направиле грешка и сакате да му се извините на некој близок, колега или член на семејството, убаво е да знаете точно како да го направите тоа.
- Никогаш не рационализирајте
Кога се извинуваме, имаме тенденција да додаваме причина зошто се извинуваме.
„Жал ми е што го изложувам вашето болно минато, но не сакав да …
„Жал ми е што ги повредив твоите чувства, но да бидам искрен, погрешивте…“
Додавањето на тоа „но“ на крајот одзема од искреноста на вашето извинување, велат експертите.
- Не барајте прошка
Ова е нешто што обично го правиме кога некому му се извинуваме. Можеби мислите дека барањето прошка е преземање одговорност за грешката, но не е така. На луѓето им треба извинување, но понекогаш се шокирани кога некој пред нив ќе побара прошка.
„Нема еден пат до исцелување… Има многу патишта за ослободување од корозивните емоции без прошка, како што се терапија, медитација, лекови, дури и пливање“, вели таа.
Да не зборуваме дека ако другите ја почувствуваат неискреноста на извинувањето, тогаш ситуацијата станува потешка. Дајте им моќ да одлучат дали ќе ви простат или не во свое време, не избрзувајте.
- Ставете го фокусот на она што сте го направиле, а не на реакцијата на повредената личност
„Жал ми е што се чувствуваше така“ е уште еден вообичаен одговор на личноста што ја повредивме или навредивме. И ова го префрла фокусот од навредениот кон престапникот.
Извинувањето е една од најтешките работи за луѓето поради нашата одбранбена природа како човечки суштества. Тоа за возврат нè тера да се извиниме неискрено, дури и ако немаме таква намера.
Всушност, извинувањето не е подарок само за личноста која сме ја повредиле/навредиле, туку и за нас самите.