ОВА СЕ ТРИ СИГУРНИ ПОКАЗАТЕЛИ ДЕКА ИМАТЕ СОВРШЕН СЕКС СО ПАРТНЕРОТ!

За време на сексот не се грижите за вашиот изглед

Водењето љубов е страстен момент во кој, за максимално да уживаме, целосно се предаваме на чувствата. Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква е нашата фризура и дали го гледаме целулитот. Ако се препознаете во оваа ситуација, знајте дека имате совршен секс.

Можете да му кажете на партнерот што точно сакате

Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа совршениот секс го гарантира искрената комуникација меѓу партнерите. Доколку не се двоумите да го насочите на „вистинскиот пат“ или да го советувате за време на сексот како да ги изведува вашите омилени движења, знаете дека имате совршен секс.

По сексот се чувствувате целосно опуштено и среќно

Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и на лачењето на хормоните на среќа и задоволство. Но, ова важи само за страсниот секс каде што нема двоумење. Ако после секс не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате дека телото ве боли и трепери, а не можете да одолеете да бидете уморни, знајте дека штотуку сте имале совршен секс!