КАКО ФЛЕРТУВА СРАМЕЖЛИВИОТ МАЖ

Начинот на кој една личност флертува може да открие многу за неговата личност и внатрешен свет. Некои луѓе се екстроверти, отворено ги изразуваат своите емоции, а тоа се одразува и на нивниот начин на флертување. Секогаш јасно ќе чувствувате и разбирате дека таква личност флертува со вас. Ќе се обиде ова да не помине незабележано.

Спротивно на тоа, срамежливите луѓе имаат сосема поинаков пристап. Можат да бидат порезервирани, да делуваат индиректно, дури и да ве остават малку збунети, затоа што во еден момент се прашувате дали флертуваат со вас или не.

Ако сте забележале необично однесување од страна на срамежлив маж, тоа најверојатно е диктирано токму од неговата срамежливост, што го отежнува опуштањето при флертувањето.

Кои се скриените знаци дека срамежлив маж флертува со вас?

Срамежливите мажи обрнуваат внимание на малите гестови

Срамежливите мажи се потпираат на мали гестови. Понекогаш тие се толку суптилни и нежни што едвај се забележуваат. Некои жени можеби нема ни да им придаваат толкаво значење и да ги одминат. Срамежлив маж ќе се обиде со контакт со очите да ви каже дека му се допаѓате. Ќе внимава на работите што ви се допаѓаат.

Ќе се однесува незгодно и чудно



Чудна смеа која е неконтролирана, па дури и на место, незгодност во гестовите и разговорите, заплеткување на јазикот, несоодветни изјави се само дел од примерите на чудно однесување на срамежлива личност на која и се допаѓате. Ќе се обиде да ви даде комплименти, но тоа ќе звучи чудно. Ќе се обиде да ве импресионира, но тоа ќе изгледа смешно. Не се прашувајте што се случува со него, туку запрашајте се дали не флертува со вас. Одговорот може да биде да.

Може да пелтечи или да стане нервозен

Ако не сте забележале како пелтечи кога разговара со други луѓе, но поради некоја причина почнува да пелтечи кога разговара со вас, тоа може да биде знак дека се обидува да флертува со вас, но не му оди. Срамежливите мажи понекогаш го заплеткуваат јазикот кога разговараат со жена што им се допаѓа. Ова дефинитивно може да биде знак дека му се допаѓате, особено ако не забележувате таква загриженост кога комуницира со некој друг.

Чувствувате дека тој се чувствува поудобно кога флертува со вас на интернет

Многу карактеристичен знак на срамежливите мажи е тоа што тие се чувствуваат поудобно да флертуваат кога вие не стоите пред нив. Онлајн мајтапките и пораките им помагаат да бидат поотворени, да ги покажат своите емоции и да ги навестат своите намери – сето она што тие се срамежливи да ги направат во реалниот живот.

Случајно ве допираат

Срамежливите мажи не ви приоѓаат директно, како алфа мажјаците, туку напротив го навестуваат нивниот интерес наоѓајќи начин ненамерно и лесно да ве допрат. Нивната деликатна природа и понежната и поранлива психа не им дозволува да ви пристапат агресивно, туку делуваат едвај забележливо, барајќи навидум неволен физички контакт.