ДАЛИ ИМАТЕ СЛАБИ ГРАНИЦИ КОИ ДРУГИТЕ ЛЕСНО ГИ ПРЕМИНУВААТ!

Личните граници се фундаментални принципи кои укажуваат на разликата помеѓу она што е прифатливо и она што не е во односите со другите. Силните лични граници се почеток на здрави, почитувани и доверливи односи со другите и со нас самите.

Веројатно барем еднаш во животот сте имале ситуација кога сте почувствувале дека се прекршени вашите лични граници. Можеби сте почувствувале дека некој не се однесува со вас онака како што вие би сакале, или непознато лице стои близу вас во редот (нарушена е физичка граница), или некој пријател премногу се меша во вашиот личен живот, што укажува на нарушена емоционална граница ; бевте жртва на манипулација, нарушена е психолошка граница… Сето ова се примери за прекршување на границите, а доколку вашите граници се слаби, ризикот од такви искуства во врските е зголемен.

Важно е да поставите јасни и прецизни граници во односите за луѓето, семејството, пријателите, партнерот, колегите да знаат како сакате да ве третираат и што не ви се допаѓа и едноставно нема да толерирате. Кога границите се слаби, тие често може да бидат прекршени, а потоа доаѓа до конфликт , непријатни чувства, повреденост, разочарување итн.

Кои знаци покажуваат дека имате слаби лични граници:
Чувство на преоптоварување и немоќ
Недостаток на енергија, чувство на замор дури и по спиење
Раздразливост
Не разбирање на вашите потреби
Срамежливост, воздржаност, недостаток на самодоверба
Проблеми со гневот
Постојани конфликти од нула
Недостаток на време за себе
Незадоволување на сопствените потреби
Доколку сте ги пронашле овие знаци во себе, тогаш важно е да работите на личните граници .

Од друга страна, ова се знаци дека постојат силни и јасно поставени граници:

Емоционална стабилност
Разбирање и прифаќање на сопствените карактеристики
Способност да се разберат другите/емпатија
Способност да реагирате адекватно и да се однесувате правилно кога ќе се обидат да манипулираат со вас
Способност да ги контролирате вашите негативни емоции и безбедно да ги ослободите
Способност за компромис
Разбирање на вашите желби и можности за нивна реализација
Како да поставите граници во одредени ситуации и да им кажете не на другите кога навистина го мислите.