Можеби повеќе жени сега знаат дека доењето ги обезбедува сите хранливи материи за бебето од првиот ден.
Покрај обезбедувањето на најважното железо, калциум и фосфор во форма која вашето бебе може лесно да ја апсорбира, исто така содржи и витални масни киселини во соодветни количини.
Мајчиното млеко го поддржува имунолошкиот систем на бебето. Содржи комбинација на заштитни фактори, вклучувајќи антитела и пребиотски олигосахариди и ја зајакнува неговата одбрана од болести. Доењето исто така може да го заштити вашето бебе од развој на астма во раното детство.
Физичкиот допир помеѓу вас и вашето бебе додека доите е природен начин за голема поддршка на контактот кожа на кожа и интеракциите како што се зборување, контакт со очи и лулање. Блискоста обезбедува удобност и топлина додека истовремено ги стимулира сетилата за допир, вид, мирис, слух и вкус.
Доењето го стимулира ослободувањето на хормонот наречен окситоцин, кој позитивно влијае на вашите емоции ; тоа ве прави да се чувствувате опуштено и задоволни додека го храните вашето бебе, и го прави хранењето смирувачко искуство за двајцата.
Доењето е природен и здрав начин за намалување на дел од масните наслаги насобрани во текот на бременоста. Истражувањата покажуваат дека мајките кои дојат имаат тенденција побрзо да ја вратат тежината.


