НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: ВРЕЌА СО КОМПИРИ

Еден ученик го прашал својот учител:

  • Вие сте толку мудар. Секогаш сте добро расположен, никогаш не се лутите. Помогнете ми да станам и јас таков.

Наставникот се согласил и го натерал ученикот да донесе компири и проѕирна вреќа.

  • Ако некој те налути или те навреди – рекол учителот – земи компир. На едната страна напиши го твоето име, а на другата – името на личноста со која си влегол во конфликт. Потоа стави го компирот во вреќата…
  • Дали е тоа сè? – се збунил ученикот.
  • Не – одговорил учителот. – Вреќата мора секогаш да ја носиш со себе. И секогаш кога ќе те навреди некој, додади уште еден компир.

Ученикот се согласил …

Поминало некое време. Во вреќата ставил уште неколку компири и таа станала доста тешка. Било ужасно незгодно да се носи наоколу.

Но, тоа не било сè – првиот компир почнал да се расипува. Се прекрил со лизгава слуз и почнал да мириса лошо.



Ученикот отишол кај наставникот и се пожалил:

  • Веќе не е можно да ја носам оваа вреќа со мене. Прво, стана многу тешка, и второ, компирите се расипаа. Предложете нешто друго.

Но, наставникот одговорил:

  • Истото се случува и во нашата душа. Кога ќе се налутиме или навредиме од некого, во нашата душа се појавува тежок камен. Едноставно не го забележуваме тоа на почетокот. Постепено расте.

Дејствијата стануваат навики, навиките стануваат карактер, од кои се раѓаат гнасни пороци. И лесно е да се заборави тој товар, иако е премногу тежок за постојано носење.

Ти дадов можност да го набљудуваш овој процес од страна. Секој пат кога ќе одлучиш да да навредиш некого или, напротив, да се навредиш ти од некој, помисли – дали ти треба овој камен?

Ние самите си создаваме пороци. Дали навистина сакаме да носиме вреќа со расипани компири на грб?