ПРИКАЗНА ЗА ИЗБОРИТЕ ШТО ГИ ПРАВИМЕ ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ

Кинески мудрец шетал во природа. Одеднаш покрај него поминал еден млад човек, трчајќи толку брзо што го турнал. Тогаш мудрецот не можел да се воздржи и го прашал:

  • За што се брзаш толку човече?
  • Жал ми е за несреќата, но брзам бидејќи сум многу зафатен со наоѓање на смислата на мојот живот. Не можам да губам драгоцено време одложување додека не стигнам до тоа!
  • Не си прв ко јја бара смислата на животот. Познав уште една таква личност која целиот свој живот го посвети на оваа кауза.
  • И што се случи со него? Дали на крајот успеа да ја најде? – прашал избрзаниот млад човек.
  • Да, ја најде, непосредно пред да умре. Но, тој успеа да ни го открие тоа на неколкумина од нас кои во тој момент бевме во негова близина.
  • А која е смислата на животот?
  • Смислата на животот лежи во изборот… – споделил мудрецот.
  • Ви благодарам за брзиот одговор! – рекол младиот човек и повторно јурнал напред.

-…во изборот дали да го живееш својот живот и да го цениш секој момент или да талкаш со години барајќи го неговото значење…