ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ОРТОСОМНИЈА?

Уредите за следење на спиењето (т.н. тракери за спиење ) стануваат сè попопуларни, од паметни часовници до сензори (поставени на ноќната маса, или под душекот, или закачени на чаршафите) кои ги анализираат навиките за спиење, како и микроклимата и звуци во просторот. Нивната работа може да се следи преку мобилни апликации, кои врз основа на снимените податоци нудат совети како да спиете подобро .
Но, се повеќе лекари и научници предупредуваат дека таквата технологија може да ни направи повеќе штета отколку корист, бидејќи ги поттикнува луѓето сами да ги „дијагностицираат“ своите заболувања.

Премногу доверба во таквите мерења и „оптимални“ препораки доведоа до појава на ново нарушување на спиењето – ортосомнија (соединение од грчките зборови ортос – редовно и сомнија – сон). Тоа е товарот и опседнатоста со потребата за совршен сон, што може дополнително да ги влоши нарушувањата на спиењето. Имено, со помош на тракер за спиење не можеме ниту да го „наштимаме“ ниту „да го измамиме“ сопствениот организам.
Сржта на проблемот лежи во модерниот начин на живот кој бара постојана вклученост, па многумина спијат помалку за да имаат повеќе време. Како резултат на тоа, доаѓа до нарушување на деноноќниот ритам, односно циклусот на будност и спиење , што треба да биде во согласност со нашиот природен, вроден биолошки часовник во мозокот.

Затоа, пред сè, треба да се консултирате со лекар и да воспоставите таканаречена хигиена на спиењето . Во исто време, уредите за следење на спиењето може да бидат корисни само како груби показатели за ноќните навики и во таа смисла да нè поттикнат да го промениме нашиот начин на живот на подобро.