Се препорачува да го чистите фрижидерот секоја недела или барем на секои 10 дена. Но, постои еден трик кој ќе го одржува чист околу еден месец и нема да морате да чистете на неколку дена.
Ќе ви требаат само сода бикарбона и паста за заби.
Еве што треба да направите:
Пред да започнете со чистење, избришете го фрижидерот темелно со влажна крпа. Следно, во малку вода растворете две големи лажици сода бикарбона и една мала лажица паста за заби. Можете да додадете и гел за миење садови за поголем ефект.
Смесата нанесете ја на сунѓер и со него исчистете го фрижидерот. Почекајте половина час. Потоа отстранете ги остатоците од детергентот со чиста, сува крпа.
Добро е да го оставите фрижидерот со отворени врати 20 минути, па можете повторно да го вклучите.


