Одењето на време во кревет и заспивањето час или два пред полноќ има бројни придобивки за оние кои го практикуваат.
Сега ќе ве запознаеме со најважните од нив:
- Извлекувате максимум од квалитетниот сон
Кога рано си легнувате, добивате најмногу придобивки од сонот. Состојбата и квалитетот на сонот е различен и оној од 22 до 02 часот по полноќ не може да се замени со најдолгиот сон. Ако сакате да бидете одморени и да се чувствувате свежо следниот ден, легнете си порано.
Не треба да се занемари фактот дека одењето на време во кревет има уште една важна придобивка – тоа ви помага да ги избегнете негативните мисли кои можат да ве нападнат доцна навечер и да ве држат будни со часови.
- Вашето тело ќе биде во форма
Во состојба на длабок сон, вашето тело се лекува, осигурувајќи дека сте во топ форма следниот ден. За ова се грижи човечкиот хормон за раст, чиј прв врв на пулсирачка секреција е околу 1:00 часот по полноќ за време на длабок сон, што значи дека треба да спиете до 23:00 часот.
- Помалку стрес
Недостатокот на сон предизвикува брзо замор, лесно губење на концентрацијата и ве прави нервозни. Ова го зголемува кортизолот во вашето тело, што ве прави вознемирени, а противотров за тоа е да заспиете навреме со подолги циклуси на длабок сон.
- Помалку болести
Според студиите, луѓето кои легнуваат порано се поздрави во споредба со оние кои работат ноќни смени или легнуваат многу доцна. Најчести болести на вечно лишените од сон се дијабетес од втор тип, кардиоваскуларни заболувања и висок крвен притисок.