Резултатите покажаа дека носталгијата за бившиот може да донесе 3 добри работи:
- Тоа може да ја подобри вашата моментална врска . Во сите три студии, истражувачите открија дека размислувањето за носталгични сеќавања на поранешните партнери „ја зголеми перцепцијата за квалитетот на моменталната врска“, во споредба со контролната група.
- Размислувањето за минатите врски може дури и да ви ја зголеми мотивацијата да ја одржите актуелната романтична врска жива и здрава.
- Нивното последно откритие беше дека перцепциите на учесниците за нивниот сопствен развој веројатно влијаеле на тоа како тие се чувствувале кога размислувале за нивниот поранешен. Имено, кога учесниците размислувале за нивните минати врски, тие честопати истовремено размислувале за тоа колку пораснале и напредувале од крајот на таа врска – што би можело да објасни зошто подоцна ја гледале нивната сегашна врска (и мотивите за таа врска) во подобрена светлина. .
Врз основа на ова истражување, понекогаш да размислувате за бившиот и да се сеќавате кога сте во врска, не е нужно лошо. Меѓутоа, ако мислите за вашиот поранешен партнер се опсесивни , постојано размислувате за него, секојдневно ги гледате неговите објави на социјалните мрежи, живеете во спомени, постои ризик да не сте ја преболеле мината врска.
Понекогаш луѓето се залажуваат дека поминале низ се по раскинувањето, влегуваат во нова врска, продолжуваат понатаму и всушност ги потиснуваат емоциите кои секогаш излегуваат на површина. Наместо да се преправате, по раскинувањето важно е да се соочите со ситуацијата, да се поврзете со сопствените емоции и да се посветите на закрепнување, заздравување на емоционалните рани и трансформација.


