БРОКУЛАТА Е ВИТАМИНСКА БОМБА: ЕВЕ ЗОШТО Е ТОЛКУ ВАЖНО ДА ГО ВКЛУЧИТЕ ОВОЈ ЗЕЛЕНЧУК ВО ВАШАТА ИСХРАНА!

Здрави коски
Брокулата е одлична за здравјето на коските. Витаминот К и калциумот се едни од главните нутриенти потребни за здрави и силни коски. Исто така содржи фосфор, цинк, витамин А и Ц, кои се потребни за коските.

Против настинки
За брокулата, исто така, може да се каже дека е одличен зеленчук, со необичен изглед, кој има изобилство на витамин Ц. Во текот на зимските денови, кога преовладуваат грипот и настинката, додадете му малку брокула на вашиот оброк, свежо исцеден сок или смути.

Здраво срце
Неколку студии покажале дека брокулата е одлична за срцевото здравје, и тоа на повеќе начини. Лошиот, ЛДЛ-холестерол и високото ниво на триглицериди се главна причина за срцеви заболувања. Токму тука брокулата се истакнува со своите својства. Луѓето што консумирале брокула секојдневно имале покачено ниво на добриот холестерол, а нивото на лошиот холестерол и на триглицеридите било намалено.
Друго истражување покажува дека брокулата го намалува ризикот од срцев удар, што значи дека брокулата е одлична за целокупното срцево здравје.



Ја подобрува меморијата
Доколку имате проблеми со лошо расположение, меморија и концентрација, ставете брокула во дневното мени бидејќи е добар извор на витамин Б9, или фолна киселина. Фолната киселина е одлична и за црниот дроб.

Превенција од рак
Брокулата содржи активни состојки – антиоксиданти, за кои е научно докажано дека штитат од развој на малигнитет и го спречуваат и намалуваат ризикот од рак на цревата, желудникот, дојката, матката и простатата.

Природна детоксикација
Изобилството на здрави состојки од овој зеленчук делува како природен чистач на токсини од телото. Тие помагаат да се исфрлат токсините и се неутрализираат штетните ефекти.