ДВА БРУТАЛНО ИСКРЕНИ НАЧИНИ ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ВРСКА

Да се ​​​​биде во сериозна врска е сосема различно од тоа да се биде подготвен за таква. Често се случува да се собереме со некого не затоа што сме многу заљубени или имаме огромна потреба од посветеност, туку поради општествениот притисок. Бидејќи колку и да живееме во модерно време, да бидеме искрени – по одредена возраст, на сингл жените не се гледа позитивно.

А да се биде во врска не значи само да одите во кино и заедно да шетате во парк. Тоа е подготвеноста да го синхронизирате вашиот живот со некого , а цената на тоа се честите компромиси во име на хармонијата.

Денеска ви пренесуваме два брутално искрени начини да откриете дали сте подготвени за тоа.

  1. Која е совршената врска за вас?

Заборавете на идеалистичките сфаќања што ни ги наметнаа романтичните филмови – висок, синоок, со совршена насмевка, кој цел живот ве чека. Може да испадне дека ако наидете на идеалната слика за вашите фантазии, ќе бидете многу разочарани од неговиот карактер. Најмудрото нешто што треба да го направите ако сте навистина подготвени да бидете во сериозна врска е да направите листа со какви квалитети сакате да има личноста до вас и каква точно сакате да биде вашата врска. Што сте спремни да дадете од себе во овие врски и што би било добро да промените во вашето однесување. Добро е да сфатите дали сакате да создадете врска што ја ставате на прво место во вашиот живот. И ако е така, да барате личност со исти приоритети во личниот живот.

  1. Дали вашите идеи за врските се реални?

Секој човек, без разлика колку кул карактер има, има моменти кога може да биде досаден, а понекогаш дури и напорен. Ако сакате постојано да ве забавуваат, не ви треба дечко, потребен ви е кловн.

Вистината е дека ако сакате сериозна врска, треба да бидете во можност да прифатите некои од мрачните расположенија на вашиот партнер и некои од неговите негативни особини, бидејќи енергијата на врската доаѓа и од позитивното и од негативното во неа, се додека како што некој е подготвен на здрави компромиси.

Ако вашите очекувања од врска се само одличен секс, егзотични патувања, вила на Малдиви и секојдневно будење со рози, мораме да ве разочараме – овие работи постојат само во филмовите, а вие не сте подготвени за вистински врска.