Многу познати жени го раѓаат своето прво, второ или трето дете во четириесеттите години, а кога ќе го покажат тоа, се чини како игра, како да е најлесната работа на светот. Сепак, дали е навистина лесна бременоста во четириесеттите години?
Еве што треба да знаете ако планирате да раѓате во 40-тите години!
- Секој месец имате 5% шанси да забремените
Во триесеттите години, тие шанси се околу 20%, а кога ќе наполниш 40 години, тој процент се намалува за 4 пати, како резултат на намалувањето на бројот на јајца, чиј број драстично опаѓа по 37-миот роденден.
- Се намалува и плодноста кај мажите
Мажите го имаат истиот проблем како жените, со возраста се намалува нивната плодност. Ако двајцата партнери се постари од 35 години, шансите за зачнување се намалуваат на самиот почеток.
- Можеби ќе ви треба инвитро оплодување и донирана јајце-клетка
Жените кои одат на инвитро оплодување во раните 40-ти години имаат 25% шанси да забременат со оплодување на своето јајце. Но, до 43-та година, овој процент паѓа на 10%, а на 44-та година, шансите се само 1,6%, па затоа најчесто се прибегнува кон употреба на донаторски јајце-клетки.
- Активниот живот не значи поголема шанса за зачнување
Правилната исхрана, оптималната телесна тежина и редовното вежбање можат да ја подобрат плодноста и да ги балансираат нарушувањата на овулацијата, но не да влијаат на здравјето на јајце-клетките и јајниците.
- Може да забремените и за време на перименопауза
Перименопауза е период од околу десет години пред целосниот прекин на менструалната функција, односно менопаузата. Во овој период, бременоста е можна, но важно е да се има предвид дека ризикот од спонтан абортус е поголем.