Додека некои фактори за заљубување се биолошки по природа, како мирисот, некои се однесувањето, како говорот на телото. Љубовта е мистериозна и со години е најчест предмет на истражување. Според истражувањето, хормоните, интересите и начинот на воспитување можат да влијаат кога и во кого ќе се заљубиме. Бидејќи партнерот игра значајна улога во долгорочното здравје, среќа, па дури и успех во кариерата, научниците се обидуваат да откријат кои се психолошките фактори зошто се за заљубуваме во некого.
- Сличноста со партнерот на родител: Истражувањата покажаа дека избираме партнери кои личат на наши родители.
- Мирисот е важен: Студија на Универзитетот во Калифорнија покажа дека жените избираат мирис на маици што ги носат мажи со поголема количина на тестостерон.
- Јазикот на телото влијае на привлечноста, па затоа оние луѓе кои го држат торзото и рацете во отворена положба при одење, стоење или седење се попривлечни.
- Продолженото гледање во очи, во просек две минути, влијае на зајакнување на врската и чувствата помеѓу партнерите.
- Според студиите, сопствениците на кучиња се попривлечни за другиот пол.
- Партнерите се привлекуваат и врз основа на физичкиот изглед, па најчесто ќе се заљубиме во подеднакво убав партнер, колку што мислиме дека сме.
- Музичарите генерално се попривлечни за жените, покажаа француските студии.
- Жените кои носеле црвено имале поголем број додворувачи во едно словачко истражување.
- Насмеаното лице и општиот оптимизам изгледаат многу попривлечни за спротивниот пол.