КОЛКУ СЕ ЕФИКАСНИ РАЗЛИЧНИТЕ ЗАШТИТНИ МАСКИ

Заштитните маски радикално се разликуваат едни од други во нивниот степен на ефикасност. Најголема заштита обезбедуваат петслојните медицински маски N95 – 98%. Ова покажа студија на американски научници.

Хирушките маски обезбедуваат заштита од 38 до 80%. Ако ставите пластична заштита на редовна хируршка маска, заштитата се искачува на 80%. Во исто време, ефективноста нагло се зголемува од 38% на 60% ако маската се притисне што е можно повеќе на лицето со лепенки.

Од домашните маски најефективни се двослојните најлонски маски: во зависност од присуството на неткаен додаток, тие обезбедуваат заштита од 74 до 79% .

Памучните маски даваат поскромен резултат – околу 50%, полиестерски маски – скоро 40% и обичен текстил – 38%. Неткаени полипропиленски маски покажаа резултат од 28,6%, а трислоен памук – само 26,5%.