- Ви се допаѓа – кажете го.
- Не ви се допаѓа – кажете го.
- Не разбирате – прашајте.
- Сакате да ве разберат – објаснете.
- Некој ви недостасува – повикајте го.
- Сакате нешто – прашајте.
- Сакате да запознаете некого – побарајте го.
- Не расправајте се.
- Ако сте виновни – признајте го тоа и не се правдајте.
- Запомнете дека не должите никому.
- Запомнете дека никој не ви должи.
- Секој има своја вистина и можеби не одговара на вашата.
- Не дружете се со луѓе со кои не се чувствувате добро.
- Проблемите на една личност се само во неговата глава.
- Светот околу вас не е ниту добар ниту лош – тој е таков каков што е.
- Обидете се да уживате во секој момент.
- Животот е тука и сега.
- Живеј денес, затоа што вчера го нема веќе, а утре може и да не се случи.
- Денес е најдобриот ден.
- Не заштедувајте време и пари за да го запознаете светот.
- Верувајте во себе.
- Верувајте им на вашите чувства.
- Ако сте лошо расположени, помислете дека ова ќе помине.
- Најважната работа во животот е љубовта, сè друго е суета.
Тибетски мудрости