2 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НА КОИ СИТЕ ЌЕ ИМ ПОЗАВИДАТ ВО МАЈ

Зависта е меѓу лошите човечки особини, но за жал, секој од нас се соочил со неа. А еве кои хороскопски знаци ќе им позавидат сите во наредниот месец.

Бик

Бикот ќе страда од зависта на другите не поради некоја парична добивка или успех на работа. На неговиот снаодлив дух, брзо размислување и јасна позиција ќе му позавидат сите познаници. Овие негови квалитети ќе бидат особено карактеристични во мај, бидејќи Бикот ќе се најде во ситуации кога ќе мора да донесе брзи, но добро образложени одлуки кои ќе имаат влијание на многу области од неговиот живот.

Стрелец

Ова е вториот знак кој ќе привлече „зли очи“ во мај. Зошто? Затоа што Стрелците се лековерни, наивни и многу зборливи. Сакаат да ги споделат со најблиските и познаниците своите планови за летото, многуте одмори кои претстојат и социјалните настани со кои ги исполниле календарите.