Навикнати сме да го штитиме нашето срце од луѓе кои можат да го скршат, но зошто јадеме храна што го оштетува секојдневно ? Факт е дека моментално има бум на кардиоваскуларните заболувања, а старосната граница за овие здравствени тегоби драстично е намалена.
Некогаш, во времето на нашите баби, луѓето над 60 години страдаа од срце, затоа што имаа многу мала разновидност на прехранбени производи на располагање, но за сметка на тоа многу поздрави.Денес, ако ги прочитате етикетите на повеќето деликатеси кои ги има во продавниците за храна, ќе сфатите дека живееме во „гозба за време на чума“ бидејќи содржината на храната изобилува со хемиски соединенија на сметка на вистинските производи.
Денеска ви претставуваме 6 намирници кои мора да ги вклучите во вашето неделно мени доколку сакате да имате здраво срце:
- Риба
Лососот, скушата, харингата и бакаларот се богати со витамини (А, Д, Е, Б1, Б2, Б12, ПП) и минерали (цинк, селен, железо), како и со омега-3 и омега-6 масни киселини. Благодарение на нив се намалува ризикот од аритмија и атеросклероза.
- Бобинки
Капините се богати со полифеноли, кои го спречуваат развојот на кардиоваскуларни заболувања. Богати се и со железо, калциум и витамин А.
Боровинките содржат супстанции кои ги прошируваат артериите, што ја поттикнува циркулацијата на крвта.
Јагодите обезбедуваат високи количини на витамин Ц и фолна киселина, кои исто така го штитат срцето.
- Маслиново масло
Конзумирањето на ладно цедено маслиново масло го намалува „лошиот“ холестерол и шеќерот во крвта во организмот. Тој е богат извор на олеинска киселина, која помага во намалување на крвниот притисок.
- Авокадо
Авокадото е богато со мононезаситени масни киселини, содржи 20 есенцијални витамини и минерали. Егзотичното овошје е силен извор на калиум – содржи повеќе од бананите. Во него се наоѓаат витамините К, Б9, Б6, Б5, Ц.
Според научните истражувања, консумацијата на авокадо помага да се намали нивото на „лошиот“ холестерол.
- Лубеница
Калиумот, магнезиумот и амино киселините во лубеницата го поддржуваат здравјето на крвните садови и штитат од склероза, за возврат обезбедувајќи непречен проток на крв. Лубеницата, исто така, помага во одржување на правилна електролитна и киселинско-базна рамнотежа во телото, што помага да се намали ризикот од висок крвен притисок. Под кожата на ова овошје има 92% вода, влакна и еден куп витамини и минерали, кои го прават уште покорисно во летните месеци.
- Црн грав
Црниот грав е богат со влакна, калиум, фолна киселина, витамин Б6 и фитонутриенти.
Витаминот Б6 и фолната киселина штитат од акумулација на хомоцистеин. Високото количество на оваа супстанца во телото може да ги оштети крвните садови и да предизвика кардиоваскуларни проблеми.