ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ КОГА ТОЈ „САКА ПРОСТОР“

„Само ми треба малку простор. Малку време да ја исчистам главата”. Во најдобар случај, ако вашето момче ги каже овие зборови, тој можеби навистина се обидува да ја изрази својата потреба за простор и време. Но, искрено, оваа опција не е најчеста. Ова е она што мажите навистина го мислат кога велат дека им треба „простор“ според нив:

  1. Ако овој муабет дојде по расправија, тоа веројатно значи дека сака разделба, но претпочита тоа да биде краткорочно во случај да се предомисли за тоа.
  2. Кога некој ќе побара простор, веројатно сака друга жена. И со текот на времето, сигурно ќе треба да ги разјасни своите чувства.
  3. Треба да излезете од ситуацијата за да видите каде е тој, каде оди и како. Тоа е чисто себична потреба да го „поставите часовникот“.
  4. Кога мажот е во неволја, било да е тоа финансиска, семејна или емотивна, но сака сам да го реши тој проблем без да го загрижи својот партнер, тогаш дајте му време.
  5. На многу брачни парови им треба простор во браковите. Сè додека никој од нив не е на власт, тоа е одлична работа! Малку време поминато во хоби или патување ја одржува личноста свежа и емотивно задоволна.
  6. Ако се обидува да избегне скандал, не е ни чудо што му треба некое време да не каже нешто глупаво, што потоа ќе го чини скапо.
  7. Некои мажи го користат ова за да кажат индирекно дека му треба сопствен живот. Потребно му е нивната партнерка да верува дека кога таа не е околу нив, можат лесно да се справат со тоа. За нив е важно да пораснат како личност сами.