Пред појавата на модерната наука, луѓето користеле разни чудни методи за лекување на пациенти. Сепак, некои од најбизарните медицински практики лекарите продолжиле да ги користат затоа што даваат добри резултати во третманот. Така, некои од извртените практики прераснале само од една во друга форма, а некои од нив во модифицирана форма ги користи модерната медицина, додека други се напуштени затоа што биле толку опасни што често ги убивале оние што ги користеле.
Застрашувачкиот мит дека некој што е „заразен со социјална болест“ може да се излечи преку сексуални односи датира од 16 век. Подоцна е воведена практика со која сметале дека ќе се излечат од сифилис и гонореја на таков начин што ќе имаат сексуални односи со девица.
За жал, ова бизарно суеверие продолжило низ годините , особено во Африка, што резултирало со бројни пријавени случаи на силување девојчиња.