ЈАС НЕ СУМ ЛАДНОКРВНА КУЧКА, САМО ШТО ЖИВОТОТ МЕ НАПРАВИ СКЕПТИК

Сте ги виделе оние ладнокрвни жени кои изгледаат како ледени кралици и често си велите: „Тоа е кучка и таа не може да сака“. Запомнете едно: биографијата на секоја ладнокрвна кучка започнува со девојка која своевремено безрезервно му го дала срцето на маж, а тој и го вратил скршено.

Моментите во кои жената го гради својот вистински карактер се моментите во кои тивко се собираме откако сме скршени. Во нив, кога солзите ќе поминат, доаѓа редот на одлуките.

Да, љубовта е најубавото, но и најизмамното чувство, во кое тежнееме да му дадеме на партнерот квалитети кои тој никогаш не ги поседувал. Но, што се случува кога ќе се отрезниме по шамарот на предавството? Продолжуваме да сакаме, но овој пат се заљубуваме во главата, не само во срцето.

А тие – скептичните жени, плачат и страдаат , но не пред мажите кои ги повредуваат, туку некаде тивко и сами, бидејќи знаат дека честопати нивната слабост е оружјето што нивните партнери подоцна го користат против нив.

И тие – скептичните жени, некогаш се фрлаа во љубов со затворени очи , но денес претпочитаат да сакаат со широко отворени очи, не затоа што темнината ги плаши, туку затоа што веруваат дека љубовта секогаш треба да биде светла.

И тие – скептичните жени, се љубоморни , но нема да креваат скандали со кои ќе го нахранат паразитирачкото его, туку тивко ќе ве остават на мира, бидејќи скептичните жени знаат дека вистинските мажи не сакаат со зборови, туку со став.

Да, скептичната жена понекогаш поставува премногу прашања , но научила да прашува наместо да се плаши.

Ако некогаш ја сретнете оваа ладнокрвна кучка, погледнете ја добро во нејзините очи – таму ќе видите девојка која животот ја научил да сака на овој начин.