EL ATENEO GRAND SPLENDID: СПЕКТАКУЛАРНА КНИЖАРНИЦА ВО БУЕНОС АИРЕС, АРГЕНТИНА

Буенос Аирес е град полн со атракции кои едноставно не смеете да ги пропуштите, а меѓу нив е и најлуксузната книжарница во Јужна Америка – Ел Атенео Гранд Сплендид. Оваа палата на љубители на книгата е сместена во стариот Гранд Сплендид театар, кој беше домаќин на големи ѕвезди како Карлос Гардел во дваесеттите години на минатиот век.

Амфитеатарот некогаш можеше да прими 1.050 луѓе, а денес во него се сместени 120.000 наслови на книги. Централната купола го задржува оригиналниот романтичен стил на фреската што го слави крајот на Првата светска војна. Ложите останаа речиси недопрени, а нивната цел денес е да им овозможат приватност на посетителите додека ја читаат нивната омилена книга. Сцената е претворена во кафуле каде можете да уживате во звуците на пијано попладне.