АКО ВЕ БОЛИ ГЛАВА, НЕ ПОСЕГНУВАЈТЕ ПО ТАБЛЕТИ! ПРОБАЈТЕ ГИ ОВИЕ ПРИРОДНИ РЕШЕНИЈА…

„Храната е навистина првиот лек. Честопати можеме да паднеме во рутина и да ги јадеме истите работи. Со додавање на разновидно свежо овошје и зеленчук, добиваме течности, витамини и минерали“, објаснува Винстон Вејн Браун, директор за интегративна медицина.

Диетата базирана на различни намирници може да ја „контролира“ главоболката, како и целокупната здравствена состојба, а доколку сакате да најдете начини како целосно да ја промените исхраната за да ја намалите појавата на мигрена, во продолжение ви претставуваме неколку стручни совети.

Банани

Ако полека го чувствувате почетокот на нападот на мигрена, наместо слатки и друга преработена храна, свртете се кон бананите. Нивната тајна е во тоа што брзо обезбедуваат многу енергија и содржат многу магнезиум, што ефикасно влијае на луѓето кои страдаат од главоболки. Исто така, 74 проценти од бананите се вода, па се одлични за хидратација на телото.

Билни чаеви

Освен што е хидратантен, чајот може да помогне и во ублажување на симптомите на мигрена ако внимателно ја избирате вашата билка. Нането е познато по тоа што го намалува притисокот во пределот на синусите, што е чест симптом на синусната главоболка, а чајот од пеперминт е идеален и за консумирање и за вдишување.

Чоколадо

Ако страдате од силни главоболки, отсечете го кафето и јадете повеќе чоколадо. Инаку, темното чоколадо е богато со магнезиум.

Печурки

Главоболката се јавува поради слаба апсорпција во цревата, а во такви ситуации е многу неопходен внес на витамин Б2. Најмногу го има во печурките, јајцата и некои видови овошје.

Јогурт

Еден од честите симптоми на главоболка е проблем со дигестивниот тракт, односно запек.

„Дехидрацијата може да придонесе за главоболки и запек. Обичниот јогурт е пробиотска храна која може да ги реши двата проблема“, вели д-р Браун.