ДАЛИ ТОЈ НЕГУВА ИСКРЕНИ ЕМОЦИИ ИЛИ СТЕ САМО ЗАБАВА: НЕГОВАТА ОМИЛЕНА ПОЗА ОТКРИВА !

Врз основа на работите во кои ужива, многу може да се заклучи. Експертот за говор на тело Јан Харгрејв открива какви чувства има мажот кон жената врз основа на неговата омилена поза во сексот.

Позиција на лажица

Позата со лажицата, односно позицијата во која и двајцата лежите на страна, со него зад вас, открива маж кој постојано бара потврда за чувствата на жената. Оваа позиција овозможува посебна блискост, што укажува на тоа дека вашиот маж е чувствителен тип, објаснува Харгрејв.

“Doggy style”

Ако вашиот маж обожава “Doggy style”, тој всушност сака да доминира, да биде алфа мажјак и не сака да се отвора премногу емотивно. Бидејќи нема контакт со очите во оваа позиција, тој всушност го сака тоа затоа што така тој добива безбедност. Тој може да има проблеми со самодовербата.

Ако жената е горе, нејзиното задоволство е важно и за мажот

Иако на повеќето мажи оваа поза им се допаѓа најмногу, тоа не кажува многу добро за нив. Ако вашиот маж инсистира на тоа, тој навистина не сака да вложува премногу напор, но остава на вас да ја играте играта. Недостатокот на амбиција и мотивација не се однесува само на сексот, туку и на другите делови од животот, бидејќи овој маж претежно е навикнат да му се сервира сè.



Но, ако тој не инсистира само на оваа позиција, но е една од неговите омилени, тоа е разиграна имагинација и таков маж може многу добро да ја забавува својата партнерка.

Половината прегратка е знак дека е задоволен во врската

Позиција во која жена лежи на стомак, а маж ја гушка за време на сексот во т.н. половина прегратка, е знак дека му е пријатно со неа и дека е задоволен во врската, објаснува д-р Одри Нелсон, експерт за комуникација.

Ако се оддалечи по сексот, се плаши од обврска

Ако маж веднаш се оттргне од вас после секс, тоа значи дека не сака обврски. Овој потег создава безбедно растојание од вас, ментално и емоционално.

Лежењето покрај вас на страна по сексот

Ако по сексот лежи покрај вас во положба на лажица, односно на негова страна, мажот е целосно луд по вас, но и малку посесивен. Во таа позиција, укажува на доминација.