Дали има совршени врски ? Потрагата по совршенство е секогаш пат кој не блокира и саботира повеќе отколку што ни дава. Не постојат идеални врски, бидејќи секоја од нив вклучува пречки, одредени предизвици, па дури и мали жртви од двете страни за да се развие врската. Тоа е врска во која две души во никој случај не се откажуваат од љубовта една кон друга, туку се обидуваат повторно и повторно да се развиваат взаемно и индивидуално, додека не процутат одново во уште поубав и бујен цвет.
Ако сакате некого, тогаш мора секогаш да бидете подготвени да се борите за него и за врската без никакво оправдување или сомнеж. Вашите постапки треба да бидат искрени, водени исклучиво од љубовта. Најсилните врски не се силни затоа што партнерите се совршени, туку затоа што се обидуваат да ги решат проблемите што се појавуваат, а не да му наштетат на врската со својата рамнодушност, играње улоги и гордост. Тие знаат дека секоја одлука доаѓа од внатре, а не однадвор.
Сите ние треба да им пристапиме на односите со одредена доза на реализам. Љубовта без облаци, фантазија и илузии не е љубов, но потребно е да се најде рамнотежа помеѓу летот до седмото небо и рационалното заземјување. Врските бараат постојана работа и подготвеност на двете страни да останат силни и подготвени да се држат заедно и еден за друг дури и кога ќе се појават најголемите бури. Штом ќе се соочиме со проблеми , врската ќе стане уште посилна.
Односите се сложени затоа што самите луѓе се сложени. Понекогаш ни е доста тешко да најдеме заеднички јазик . Сите сме различни, имаме различни вредности, верувања и мислења. И сите имаме свои маани, иако тоа не значи дека нема шарм во таквата несовршеност. Најубавото нешто во врската е тоа што двајца несовршени луѓе се трудат да создадат совршена љубов. Тие даваат се од себе да бидат заедно, да се развиваат заедно и да го градат својот живот заедно.
Тоа е она што ја прави врската интересна и динамична – кога двајца несовршени луѓе се подготвени да се откажат од својата себичност, заменувајќи ја со несебичност. Кога се подготвени на компромис. Кога бараат прошка и се подготвени да простат – повеќе се грижат за својата сакана отколку за сопственото его.
Кога двајцата партнери ќе направат свесен избор да бидат заедно без разлика на се. И остануваат верни на својот избор. На крајот, сите маани го губат своето значење ако навистина се сакате. Во овој случај, вашата љубов е навистина длабока и сеопфатна. Без никакви резервации. А недостатоците се токму она што ве прави совршени во вашата љубов.