Впечатокот што го оставате на интервјуто за работа е клучен за тоа дали ќе бидете вработени. За да се подготват однапред, некои кандидати се „снабдуваат“ со пакет традиционални одговори на прашања што честопати ги поставуваат менаџерите. Сепак, ова не е толку добра стратегија – анкетарите веројатно ги имаат слушнато овие фрази толку многу пати што им е преку глава од нив и попрво би биле одбиени од нив. FastCompany посочува кои се клише речениците што е подобро да не ги кажувате на интервју за работа.
„Јас секогаш давам 150% од себе“.
Човек не може да даде 150% од себе затоа што не работи рамо до рамо со некој клон што има 50% од неговите способности. Кога кажувате такво нешто, а особено ако не дадете специфичен пример за да го поткрепите вашето тврдење, тоа ве прави да звучите неискрено, а понекогаш дури и арогантно.
„Јас сум работохолик и добро работам во тим“.
Верувајте ми, ова не се работи што сака да ги чуе вашиот иден работодавец. Тој / таа бара искрени луѓе кои се подготвени да учат и развиваат и кои посочуваат специфични начини да и помогнат на компанијата да успее.
„Јас не ги исполнувам моите обврски, туку ги исполнувам премногу“
Оваа фраза дава впечаток на неподготвеност или просечна личност со нереална идеја за неговите способности. Ако некое лице верува во идејата дека секогаш ги надминува своите должности, тоа значи дека другите најверојатно ќе го потценат. Ако работите подобро од очекуваното со секоја преземена задача, тоа покажува дека луѓето немале големи очекувања од вас од самиот почеток. Ова за возврат го покренува прашањето што ги натерало другите да се сомневаат во способностите на овој човек.
„Јас навистина ја сакам оваа компанија“
Сериозно? Што точно ви се допаѓа во компанијата за која аплицирате? Можете ли да ни кажете повеќе за неа од она што можете да го прочитате во категоријата „за нас“ на нејзината страница? Секој интервјуер стандардно прифаќа дека ќе имате позитивно мислење за компанијата откако ќе аплицирате за работа во неа, така што нема потреба да се кажува очигледното.
„Имам око за детали“.
Ако го тврдите ова, најдобро е да бидете свесни за секој мал детал за вашата работа и тим. Што се случило во последниот месец, какви биле резултатите за изминатиот квартал и какви се очекувањата за следната година? Од каде потекнуваат проблемите со кои се соочува компанијата и кои се причините за нејзиниот успех? Работодавачот ќе сака да види докази за вашето тврдење.