ЈАДЕТЕ ГИ И ЌЕ ОСЛАБЕТЕ – ОВИЕ 5 НАМИРНИЦИ СОГОРУВААТ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ МАСТИ

„Што да јадам за да ослабам?“ – ова е прашање кое често ги мачи жените. И научниците го најдоа одговорот. Според нив, постојат 5 намирници кои ќе ви помогнат да согорите двојно повеќе масти.

1. Малини
„Една шолја од овие плодови содржи 8 грама влакна. Научниците открија дека зголемувањето на внесот на растителни влакна за 8 g на секои 1.000 потрошени калории придонесува за намалување на телесната тежина за 2 килограми.

2. Јогурт
Речиси сите јогурти содржат протеини кои помагаат при слабеење. „Но, изберете обичен јогурт – без засладувачи и бои и сами додадете му свежо овошје за сладост“, советуваат експертите.

3. Јајца
Едно големо јајце содржи 6 g протеини и 72 kcal. Веројатно затоа луѓето кои јадат јајца за појадок се чувствуваат посити подолго време и, како што покажува студијата, губат тежина двојно побрзо од оние кои јадат тестенини за појадок.



4. Јаткасти плодови
Путерот од лешник е богат со влакна и протеини. Маслото од лешник е исто така богато со здрави масти. Само две лажици лешници содржат нешто помалку од 200 kcal, 7 g протеини и 2 g влакна.

5. Овесна каша
Оваа каша е позната по својствата за слабеење поради високата содржина на влакна и протеини. Уште повеќе, една студија од 2016 година покажа дека консумирањето влакна три часа пред тренингот може да ви помогне да согорите повеќе маснотии.

Важно: Статијата не заменува урамнотежена исхрана и консултација со специјалист!