Кога започнуваме нова љубовна врска, немаме начин да знаеме дали нашиот потенцијален нов партнер нема да не изневери. Сепак, имаме период на запознавање. Постојано се запознаваме, без разлика колку време сме заедно. Како што даваме одредени знаци преку нашето однесување и тип на личност, така и другата страна ни дава сигнали за мал дел од она што не чека во врската. Луѓето со одредени типови на личност имаат поголема веројатност да изневерат.
Премногу сомнителни и импулсивни поединци се едни од нив. Погледнете на кои други да внимавате.
Нарцисоидна личност
Нарцизмот не е лесно да се дефинира и не може лесно да се забележи, особено на почетокот на љубовната врска кога сме пленети од емоции. Нарцисоидните типови на личност дефинитивно не се погодни за сериозни врски. Како можеме да знаеме дали личноста кон која имате чувства е една од нив? Се одликува со себичност, самоапсорпција, недостаток на емпатија, делува манипулативно.
Флертувачка личност
Да се биде внимателен, љубезен и шармантен е една работа, но упорното флертување може да биде силен показател за идно неверство. Луѓето кои многу флертуваат сакаат да подаруваат и добиваат внимание, понекогаш на сметка на чувствата на партнерот. Лошата работа е што тие го прифаќаат ова како апсолутно нормално.
Алчен човек
Ако вашиот партнер покажува алчност во многу врски, тоа може да биде и знак за идно неверство. Конкретно, алчноста е комбинирана со менталитет што го тера да мисли дека „тревата е секогаш позелена од другата страна“. Некои луѓе мислат дека заслужуваат повеќе од другите. Се разбира, изворот на ова чувство на право варира од личност до личност, но партнерот кој е воден од алчност веројатно не е партнер на кој можете да му верувате и да очекувате среќна и стабилна врска. Алчните луѓе не се споделувачи, за нив нема заеднички ресурси во врската.
Личност која изневерувањето го доживува како нормално
Кога се во прашање врските и сексот, секој има свое разбирање. Секако, партнерот со отворен став кон неверството може да се стави под сомнеж. Луѓето ни покажуваат кои се преку нивните ставови, зборови и постапки. Затоа е важно да внимавате на зборовите, а доколку наидеме на личност која мисли дека не можете да бидете само со еден партнер во врската, тогаш ова е црвено знаме.
Несигурна личност
Неопходна е дозата на сомнеж во себе, може дури и да биде и здрава за човекот. Но, кога човек е длабоко несигурен, тоа може да биде вистински проблем на љубовен план. Несигурните поединци обично страдаат од комплекси и имаат поголема веројатност да ги изневерат своите партнери. Изневерувањето некако им „помага“ да ја подигнат нивната самодоверба.
Затоа е важно на почетокот на врската да внимаваме дали нашиот партнер е премногу несигурен во себе. Секако, несигурноста сама по себе не гарантира дека партнерот ќе ве изневерува. Но, тоа може да биде показател за идно неверство. Исто така, од таква личност тешко може да очекувате поддршка, тешко дека би уживал во вашите успеси.