Си имало едно мало бебе кое требало да се роди. На денот кога требало да се роди, отишло кај Бога и загрижено прашало:
- Господи, јас сум толку мал и беспомошен. Што ќе правам, како ќе живеам на Земјата? Како ќе се справам со сите тешкотии таму?
Бог се насмевнал и одговорил:
- Не грижи се, дете мое. Го избрав најдобриот и најверниот од сите ангели овде и ќе го испратам кај тебе на Земјата. Овој ангел ќе те чека таму со голема возбуда и трепет да се појавиш, а потоа ќе се грижи за тебе и ќе ти помогне во се.
И бебето повторно прашало:
- Но, Господи, не го знам јазикот на кој зборуваат луѓето на Земјата. Како ќе разберам што ми кажуваат?
- И не грижисе за тоа. Твојот ангел многу внимателно и трпеливо ќе те научи на нивниот јазик. Секогаш ќе ти зборува со љубов и нежност, ќе те повикува со најљубезни и ласкави зборови. Секоја вечер ќе ти пее приспивни песни. И така ќе научиш сè многу лесно и брзо…
И покрај сите овие уверувања, сепак, бебето сè уште не можело да ги надмине грижите и стравовите. И уште еднаш прашало:
- Господи, сите овде велат дека има многу зло на Земјата. Велат дека и луѓето таму биле лоши. А јас сум само мало бебе, како ќе се снајдам со нив, како ќе преживеам таму?
- И за тоа размислував, дете мое… – одговорил Господ. – Твојот ангел секогаш ќе се грижи за тебе и ќе те штити од сите опасности. Ќе те штити и брани дури и по цена на неговиот живот. Затоа не се грижи и за тоа…
Во тој момент се слушнало врева. Замолчеа, слушаа и разбраа дека тоа се гласови од Земјата. Што значеше дека е време бебето да си оди. Насетувајќи го ова, во последен момент бебето прашало:
- Господи, но ти не ми го кажа името на мојот ангел на Земјата. Како ќе го знам?
Бог се насмеал и тивко одговорил:
- Не е важно како ќе се вика. Ти ќе го викаш твојот ангел… Мамо!