Прополисот е еден од најсилните природни лекови кој се користи уште од античко време. Тоа е мешавина од смола, восок и полен од различни видови растенија собрани од пчелите. Ферментира во дигестивниот систем на пчелите и стекнува неверојатни квалитети за здравјето на луѓето.
Неговата примена е исклучително разновидна. Прополисот помага при:
- зголемен холестерол;
- ниско ниво на црвени крвни зрнца;
- отворени рани и внатрешни инфекции;
- слаб имунитет.
Денеска ви претставуваме одличен природен рецепт за маст од прополис кој можете да го нанесете при вирусни инфекции и кожни лезии предизвикани од разни егземи и рани.
Потребни состојки:
140 гр масло од прополис (од маслиново масло, морско кифче или путер)
1 варена жолчка
25 g пчелин восок
Начин на подготовка:
Се мешаат жолчката и восокот. Додадете го маслото од прополис и измешајте околу дваесет минути без да зоврие. Откако ќе се излади, процедете ја смесата преку газа или ситно сито.


